Актуелно
Со шипки нападнат и претепан новинарот Саше Ивановски – Политико
Насловна фотографија: Принтскрин / YouTube
Вчеравечер во скопската населба Кисела Вода, две непознати и маскирани лица го нападнале новинарот и сопственик на Мактел, Саше Ивановски – Политико, пред зградата во која живее, пренесува порталот Мактел.
Според информациите, маскираните лица со шипки успеале неколку пати да го удрат по главата, нанесувајќи му тешка повреда.
Ивановки се бранел користејќи ја чантата што ја носел со себе, по што почнал да бега. Со брза помош е пренесен до болница, а од Мактел најавија и пријава во МВР.
-Пријавено е дека бил нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, велат од МВР.