Вести
Сончево и потопло, температурата до 21 степен
Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала облачност, поизразена на запад и со слаб до умерен југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до три, а максималната од 13 до 21 степен.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и потопло, со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.
Температурата ќе се движи од -1 до 18 степени.
До петок времето ќе биде претежно сончево. Минималните температури утре на повеќе места ќе се спуштат малку под нула, а потоа ќе бидат во постепен пораст. Во сабота ќе има зголемена облачност и од попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Во ноќта кон недела и во недела претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни и ќе се преместуваат кон исток.
За време на викендот ќе дува засилен ветер, во сабота од јужен, а во недела од западен правец. До недела дневните температури ќе бидат во пораст, што ќе предизвика забрзано топење на снежната покривка на планините.