Актуелно
Сончево и топло до 38 степени, попладне наместа дожд
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло, a во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и ретки грмежи особено во западните делови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 31 до 38 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 36 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Охридско-преспанскиот регион ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови можно е да има изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степен.
Во Дојранскиот регион слично време со мала до умерена облачност и слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе достигне до 37 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови. За време на викендот и во почетокот на наредната недела се очекува нестабилноста да биде поизразена и застапена на повеќе места.