Вести
Сончево и топло и утре, од понеделник посвежо време со повремен дожд
Топол пролетен ден во Македонија ќе има и во вториот ден од викендот – УХМР за утре најави максимални дневни температури од 20 до 26 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира промена од понеделник, кога ќе преовладува променливо облачно и малку посвежо време со повремени врнежи од дожд, од вторник и со локална појава на грмежи.
Највисока дневна температура денеска е измерена во Гевгелија, 29 степени, а во Скопје, како и во Демир Капија, Штип и Струмица, максималната температура достигнала 28 степени. Најниска дневна температура од 19 степени денеска е измерена во Маврово.