Вести
Сончево и топло со услови за краткотраен пороен дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне во северните и североисточните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер кој само во Паланечкиот регион повремено ќе се засилува.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 25 до 32 степена, додека УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје слично време со температура од 16 до 31 степен.
Во наредните денови во поголемиот дел од земјата ќе преовладува стабилно и суво време. На некои места се уште е можна изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Од четврток нашето подрачје постепено ќе потпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ, при што за време на викендот и во почетокот на следната недела дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината.