Вести
Сончево и топло, температурата до 29 степени – утре намалување на температурата за 7 степени
Времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а преку ден со умерен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност особено на северот од земјата. Утринската температура ќе се движи од четири до 11, а дневната од 23 до 29 степени.
Во Скопје слично време со температура од осум до 27 степени.
Влажен бран со врнежи дожд ќе има во недела од претпладневните часови. Овој бран ќе биде проследен со поројни врнежи и грмежи на повеќе места. Ќе дува повремено засилен северозападен ветер, што ќе услови позначително намалување на дневната температура за пет до седум степни.
Во понеделник кога се очекува благ пораст на дневните температури, ќе продолжи да дува северен ветер, а од вторник ветерот ќе биде јужен и во натамошниот период ќе биде променливо, во попладневните делови од денот со појава на нестабилност повремено и со поројни врнежи од дожд и грмежи.