Вести
Сончево, попладне локален дожд и грмежи
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.
Температурата ќе се движи од 19 до 29 степени, а УВ индексот ќе биде 5.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, додека попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе достигне 27 степен.
Од Управата за хидрометеролошки работи најавуваат дека до понеделник ќе се задржи променливото облачно време со сончеви периоди, а во попладневните часови локален пороен дожд и грмежи.