Вести
Сончево со локална облачност и температура до 32 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала доумерена локална облачност и со умерен североисточен ветер. Во јужните делови како и на планините можна е појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната темепратура од 25 до 32 степена.
Во Скопје ќе биде сончево со мала думерена облачност и со слаб доумерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе достигне до 14 , а дневната ќе достигне до 30 степени.
Од недела времето во претпладневните часови ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност, додека во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи особено во јужните делови од земјата и на планините.