Вести
Сончево со мала облачност и слаб ветер – повторно ќе се затоплува
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи од 8 до 16 степени, а максималната температура ќе биде од 23 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје слично време со температури од 16 до 30 степени.
Од денеска следува период на стабилно и потопло време. Дневната температура ќе биде во постепен пораст, но ќе се задржи во рамките на просекот за овој период од годината.