Актуелно
Сончево со облачност, на планините услови за пороен дожд
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во планинските региони ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 27 до 35 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степена.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно и топло, но во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд во планинските подрачја.
Од понеделник попладне ќе настапи позначителна дестабилизација на временската состојба со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во вторник и во среда ќе продолжи да дува засилен северен ветер, проследен со поројни врнежи од дожд, а температурите ќе бидат значително пониски во однос на претходните денови.