Вести
Сончево со умерена локална облачност и ветер – од утре пад на температурата
Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, особено долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од осум до 14 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
Во недела и во понеделник земјава ќе биде под влажен бран од Медитеранот и ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки мета од дожд и снег.
Особено обилни врнежи се очекуваат во западите и јужните делови од земјата каде на повеќе места ќе наврнат над 30 л/м2.
Врнежите ќе продолжат и во понеделник.
Од втората половина на наредната недела се очекува стабилизирање и затоплување на времето.