Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сообраќајот отежнат, забрани на повеќе патни правци

Вести

Сообраќајот отежнат, забрани на повеќе патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат, а дел од патните правци се делумно или целосно затворени за сообраќај.

 Сообраќајот е во прекин на регионален пат Тетово – Јажинце кај село Јажинце поради обилни врнежи од снег. Од утрово од 6 часот во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А-3 Штип-Кочани поточно од село Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси. Затворен за сите видови патнички товарни возила е патниот правец од Штипска петља до Катланово. Поради наноси од снег во прекин е сообраќајот во двата правда на патниот правец Валандово-Стар Дојран и обратно на местото викано Бела Барака.

Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража, Маврово, Пресека, Ѓавато, Крива Паланка – граничен премин Деве Баир,  Струга – Ќафасан, Катланово –  Велес и обратно и Плетвар. Укината е забраната за тешки товарни возила на Буково.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес, кој синоќа беше во прекин, е нормализиран само за патнички возила по една коловозна лента. 

На патниот правец Велес-Катланово од 10:15 часот е нормализиран сообраќајот за патнички моторни возила. На овој патен правец останува забраната за товарни моторни возила.

Од АМСМ препорачуваат исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Исто така, се предупредуваат возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на  граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во пресрет на студениот бран што ја зафати земјава и ќе трае неколку дена се препорачува до граѓаните да не патуваат и да не излегуваат од дома доколку немаат поголема потреба. Да носат топла облека, да конзумираат топли напитоци и доколку треба да работат на отворено тоа да го прават со паузи.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.