Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Сообраќајот Скопје-Велес и Велес-Скопје отворен по една коловозна лента

Вести

Сообраќајот Скопје-Велес и Велес-Скопје отворен по една коловозна лента

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е отворен за сообраќај по една коловозна лента, само за патнички возила, а сообраќајот на патниот правец Велес –Скопје се одвива отежнато по една коловозна лента, соопшти АМСМ.

Центарот за управување со кризи претходно информираше дека на автопатската делница на патниот правец Скопје-Велес кај месноста Кула во краток временски период има наврнато големи количини снег што предизвика застој во сообраќајот поради бавното движење на возилата.

Информираа дека е испратена дополнителна механизација за побрзо расчистување на овој патен правец.

На патниот правец дополнително беа испратени и патроли на сообраќајната полиција за регулирање на сообраќајот.

Нормализиран е сообраќајот на патните правци Кавадарци-Неготино и Охрид – Ресен кој беше во прекин од 19 и 30 часот поради превртени тешки моторни возила.

На патниот правец Струмица – Валандово, поради излизгано тешко моторно возило, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Во 22 часот на патниот правец Кочани – граничен премин Делчево, како што соопшти АМСМ, воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила.

Забрани за движење на тешки товарни возила, поради врнежите од снег, воведени се на патните правци Битола – Ресен преку планинскиот премин Ѓавато и на патниот правец Ресен – Охрид преку планинскиот премин Буково, крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека и на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир и Струга – граничен премин Ќафасан.         

Поради отежнатите услови за сообраќај, АМСМ препорачува исклучително внимателно управување со возилата и да не се тргнува на пат во текот на вечерните часови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.