Актуелно
Сообраќајна несреќа во скопски Аеродром: Сакајќи да избегне удар во дете се превртил на кров
Фотографијата е преземена од Фејсбук
Возач е полесно повреден во сообраќајна несреќа која вечерва се случила во скопската населба Аеродром во близина на „Мајчин дом“.
Возачот со автомобил марка „Шкода Октавиа“ со скопски регистерски таблици, возел од Т.Ц. Бисер кон Железничката станица во Скопје и сакајќи да избегне директен удар во дете, изгубил контрола и автомобилот се превртил на кров.
Според очевидци, возилото се движело на булеварот Јане Сандански со повеќе од 100 км на час.
Полицијата извршила увид, а повредениот возач е пренесен во болница. Нема други повредени.