Актуелно
Состојбата во Центар мирна – полицијата приведе 12 демонстранти (ФОТО)
Состојбата во центарот на Скопје е мирна, откако вечерва се случија масовни протести против одлуката на претседател Иванов за општа аболиција.
Епилогот од денешниот протест е 12 приведени демонстранти, а и повеќе повредени. Нема повредени полицајци, но од МВР велат дека ова не се конечни бројки.
Според неофицијални информации, има и неколку повредени, од кои и двајца новинари, а во центарот на градот забележани се и возила на брза помош.
Претходно, кордон од специјалните сили на полицијата ги растера демонстрантите што протестираа во центарот на градот.