Вести
Спасен животот на премрзнат човек во Делчево
Премрзнат човек најден во месноста Брежјето во Делчево е спасен благодарение на брзата интеревенција на Итната медицинка служба.
Според информацијата од делчевската Итна медицинска служба станува збор за 57-годишен жител на Делчево кој пред неколку часа отишол да ја нахрани стоката и не се вратил дома, а најблиските го нашле паднат во вода, целиот воден и премрзнат и во бесознание, во близина на шталата.
Д-р Гоце Стојменовски, раководител на Итната медицинска служба во Делчево информира дека екипата на Итната медицинска служба во Делчево реагирала брзо, на лицето му е дадена терапија за реанимација и на инсистирање на семејството лицето не е хостпитализирано, но засега е во стабилна состојба, иако не се исклучуваат последици од премзрнување. За случајот е известена и делчевската полиција.