Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Спасовски:Немаше полициска акција, туку зголемено присуство на полицијата во кумановско-скопскиот регион

Актуелно

Спасовски:Немаше полициска акција, туку зголемено присуство на полицијата во кумановско-скопскиот регион

Немаше никаква полициска акција ниту претреси, ниту приведувања, туку само зголемено присуство на полициски сили во кумановско – скопскиот регион бидејќи во овој период имаме сериозни предизвици коишто се и ризици за безбедноста на Република Македонија и на регионот, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на полициската станица Матејче, каде што оствари средба со командирот на оваа полициска станица, а се сретна и со граѓани од ова липковско село.

– Во овој период имаме бегалска криза и во рамки на сите овие активности присуството  на МВР е зголемено во кумановскиот и во скопскиот регион, се со цел да се обезбеди поголема безбедност и стабилност на граѓаните на Република Македонија, истакна Спасовски.

Тој нагласи дека не сака да се создава фама и страв кај граѓаните бидејќи нема потреба од таква работа и потенцираше оти има соработка со граѓаните од овој регион. Уште еднаш додаде сите да бидат спокојни бидејќи МВР ги презема сите мерки кои значат засилување на безбедносната состојба на државата.

– Синоќа немаше никаква акција. Имаше само зголемено присуство на овој терен во светло на она што и претходно го кажав и проценката дека треба во кумановско – скопскиот регион да извршиме поголем надзор за да можеме да ја гарантираме безбедноста на граѓаните, рече Спасовски.

Тој нагласи дека станува збор за северен дел на граница во овој регион и оти често имаше илегални минувања.

Во изjавата прeд медиумите министерот Спасовски ги отфрли наводите изнесени во дел од медиумите дека била уфрлена вооружена група од страна. – Тоа се е на ниво на шпекулација, дека наводни велгувања и така натаму, има на ниво на Република Македонија. Сето тоа што го кажав претходно, а се однесува во рамките на превентивното делување е целата оваа состојба којашто ја спроведува МВР, рече тој.

Одоговарајќи на новинарско прашање дали сето тоа превентивно делување резултирало со претреси, приведувања, евентуални престрелки, Спасовски посочи дека тоа биле рутински контроли. – Ниту претреси, ниту приведувања, заради тоа што нема простор за такви работи. Се вршат нормални рутински контроли, додаде Спасовски.

Тој посочи дека Граничната полиција овде е на редовна работа и кога има и кога нема припадник на министерството или функционер и оти тие ги обавуваат своите задачи и должности.

Полициските патроли, како што рече, се работа на полицијата и не треба никого да го загрижување работењето на полицијата. – Вие знаете дека нивото на безбедност е подигнато веднаш после нападите во Париз и дека тоа трае до ден денеска и во главниот град и во другите места. Мислам дека многу подобро е да делуваме превентивно од сите можни апспекти, изјави Спасовски.

Додаде дека нема од што да се плашиме во овој период, ниту од влез на терористи, ниту пак од какви било активности кои што можат да ни го нарушат мирот и безбедноста.

На новинарско прашање како го коментира интервјуто на заменик министерот Чавков и обвинувањата дека СДСМ има некоја тајна корелација со Чауш и останатите, Спасовски рече дека станува збор за политички поени. – Јас нема што да коментирам, нека го ценат граѓаните на Република Македонија. Институциите треба да работат и работат за било кој што направил кривично дело и од тој аспект нема никаков проблем и ги поддржувам сите тие истраги што се спроведуваат, додаде тој.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.