Вести
Спектакуларни огномети за дочек на 2019-та
Новата година први ја поздравија жителите на некои пацифички острови, и тоа уште во 11 часот вчера по средноевропско време. Нешто подоцна среќна нова си посакаа жителите на Нов Зеланд и Австралија.
Во Сиднеј во 14 часот по средноевропско време 2019 година беше поздравена со гигантски огномет, за кој беа потрошени 8,5 тони пиротенички материјал.
Спектакуларен беше и огнометот во Лондон, за кој беа употребени 8 тони пиротехника. Поради претстојниот Брегзит, градоначалникот на Лондон, Садик Кан, спектаклот им го посвети на сите ЕУ-граѓани кои живеат во главниот град на Велика Британија.
Во Рим пиротехниката беше официјално збаранета, но сепак во центарот се слушаа петарди и ракети на сите страни.
Расположението во Москва годинава беше малку повоздржано, поради несреќата со експлозијата на гас во зграда во Магнитогорск, во која, според претпоставките, може да има десетици мртви.
Последни Новата година ја дочекаат жителите на островот Тутулија, кој припаѓа на островската група Американска Самоа. Таму 2019 година доаѓа денеска напладне по средноевропско време.