Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: Спроведена четвртата акција „Македонија без отпад 2015“

Актуелно

ФОТОГАЛЕРИЈА: Спроведена четвртата акција „Македонија без отпад 2015“

Со акции за расчистување на депонии во повеќе урбани локации на целата територија на Република Македонија денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка  Град Скопје и општините во Република Македонија со нивните jaвни претпријатија и граѓанската асоцијација „Ајде Македонија“, четврта година по ред ја спроведе кампањата „Македонија без отпад“.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и градоначалниците на град Скопје, Коце Трајановски и на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски се приклучија на централниот настан од националната кампања, кој се одржа во општината Ѓорче Петров, на патеката покрај реката Вардар кај пешачкиот мост во близина на „Европската очна болница“.

Во знак на поддршка, кон акцијата се приклучија и словенскиот амбасадор Бранко Раковец и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија  Чарлс Едмунд Гарет, како и пратеници од Собранието на Република Македонија.

На локацијата, заменик министерот Темелковски, со симболично собирање на расфрланиот отпад и негово правилно одложување, упати порака дека расчистувањето на отпадот оставен на несоодветни места, но и подигањето на свеста на граѓаните за правилно управување со отпадот, се нeопходни мерки за перманентно редуцирање на загадувањето во урбаната средина и одржување на здрава и чиста животна средина.

При спроведувањето на овогодинешната Кампања активно учествуваа 50-тина општини, 20 невладини организации, волонтери со поддршка на јавните комунални претпријатија и нивната механизација, извиднички одреди, активисти на Црвениот крст и мировниот корпус, нуркачки друштва, а учениците ја собираа старата хартија и пластиката на пунктовите во своите училиштата.

Во кампањата се вклучија и институциите кои се дел од координативното тело: Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Генералштаб на АРМ, Министерство за образование и наука, ЗЕЛС, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за здравство, како и Агенцијата за млади и спорт, а градежната компанија „Бауер БГ“ на повеќе локации организираше расчистување на опасен градежен материјал.

Со оваа кампања, граѓаните на Република Македонија се вклучуваат во глобалната акција – Let’s do it! World, која е официјално поддржана од Европскиот Парламент и оваа година се одвива во 112 земји од светот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.