Актуелно
Средношколците и денеска ќе протестираат пред МОН
Насловната фотографија е преземена од Фејсбук
Средношколскиот пленум за денеска во 17 часот најави втор протестен собир заедно со родителите, наставниците и граѓаните, пред Министерството за образование и наука во Скопје.
Преку собирот, тие уште еднаш ќе го искажат својот револт од игнорантскиот однос на надлежните и ќе побараат да продолжи дијалогот.
Тие вчера во знак на протест ги оставија своите униформи на оградата пред министерството и извикувајќи „Излезете кукавици“ ги повикаа надлежните да ги слушнат нивните барања.
Протестот кој требаше да трае час и половина беше одложен од безбедносни причини поради протестите за Мартин Нешковски.