Актуелно
Средношколците од повеќе скопски гимназии ја бојкотираат наставата
Средношколскиот пленум најави за денеска бојкот на наставата. Како причина за тоа се наведува игнорантскиот однос на Министерството за образование кое, како што се наведува, веќе две недели ги одбива повиците за средба со претставници на пленумот за да се разговара за реформите во образованието.
Во скопските гимназии „Раде Јовчевски Корчагин“, „Орце Николов“, Георги Димитров“, „Никола Карев“ и „Јосип Броз Тито“ денеска средношколците ја бојкотираат наставата, но се присутни во ходниците на училиштата.
Од Средношколскиот пленум бараат враќање на стариот концепт за полагање државна матура, но и укинување на екстерното тестирање за учениците.