Актуелно
Средношколците по трет пат ќе маршираат против лошите реформи во образованието
ФОТО: Атанас Стојановски / Популарно.мк
Средношколците денеска во 12 часот во Скопје ќе го започнат третиот протестен марш против лошите реформи во образованието на Владата и Министерството за образование и наука.
Маршот ќе започне во Градскиот парк, од каде ќе се маршира кон Владата, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука.
Пленумците се благодарни на поддршката што им ја дадоа Студентскиот, Професорскиот пленум и граѓанскиот сектор.
Поддршка на протестот даде и Унијата на средношколци Албанци.
Од Средношколскиот пленум велат дека се вршеле притисоци врз матурантите од кои се барало да потпишуваат пријави за полагање државна матура по новиот концепт и најавуваат можен прекин на бојкотот на наставата, бидејќи имаат загубено многу часови. Сепак, тие не исклучуваат порадикално делување против, како што велат, игнорантскиот однос на надлежните и лошите образовни реформи.