Актуелно
Средношколците повторно на улица против лошите реформи во образованието
Насловна фотографија: Атанас Стојановски / Популарно.мк
Средношколците под мотото „Борбата продолжува“ денеска со марш ќе протестираат против, според нив, лошите реформи во образованието.
Маршот ќе започне кај фонтаната во Градскиот парк, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука. Целта на маршот е да се повторат барањата за укинување на екстерното тестирање, а нивниот Средношколски пленум да биде рамноправно вклучен доколку се изготвува нов концепт за полагање државна матура, и за какви било промени поврзани со средношколското образование.
Од Пленумот ги повикуваат сите граѓани да им се приклучат на протестот и истовремено потенцираат дека станува збор за мирен марш на кој се забранува секакво насилно однесување, говор на омраза, истакнување партиски или религиозни симболи.