Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Средношколците продолжуваат со бојкот – притисоците врз учениците растат

Актуелно

Средношколците продолжуваат со бојкот – притисоците врз учениците растат

ФОТО: Дарко Поповски / Популарно.мк

Средношколците втор ден по ред ја бојкотираат наставата во училиштата. Како што велат од Средношколскиот пленум, тие се револтирани од игнорантскиот однос на министерот за образование Абдулаќим Адеми, со кого веќе подолг период бараат средба за да му ги објаснат лошите реформи во образовниот систем.

Во Скопје има бојкот во шест училишта, „Јосип Броз-Тито“, „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“, „Георги Димитров“ и „Корчагин“. Освен во Скопје, наставата се бојкотира во Куманово, Тетово, Велес и Кочани.

Наставата е заменета со алтернативни предавања, работилници и дискусии.

Во скопските училишта „Михајло Пупин“ и „Илија Николовски Луј“ наставата сепак се одвива нормално.

– „Средношколскиот пленум уште еднаш јавно ќе испрати порака до МОН да ги разгледа нашите барања и да ја прифати средбата со претставници од Средношколскиот пленум. Колку повеќе се одолговлекува оваа средба од страна на министерството, толку повеќе се зголемува незадоволството кај средношколците. Министерот  има должност да ги сослушаат средношколците и Средношколскиот пленум. Остварувањето на средба е неопоходно за да може да се постигне некаков договор“ –   нагласија од Средношколскиот пленум.

Родителите на средношколците што ја бојкотираат наставата во повеќе скопски гимназии, вчера биле викани на итен состанок со директорите на неколку училишта, наводно да се најде начин, за да се реши проблемот. Но, наместо тоа, како што информираа, тие добивале закани за парични казни, ако нивните деца продолжат со бојкотот на наставата.

Законот за средно образование предвидува парична казна од 2.000 евра за родителите ако малолетен ученик е нередовен на наставата. Статусот на редовен ученик престанува ако ученикот неоправдано не ја посетува наставата континуирано 25 наставни дена во текот на наставната година.

Освен на родителите, притисок се врши и врз учениците. Како што реагираат некои од родителите, директорката на гимназијата „Никола Карев“, незадоволна поради бојкотот на наставата од страна на учениците, ги повикала да го прекинат и да продолжат со настава. Бидејќи учениците не ја послушале, таа ги избркала надвор со пораката „ако не сакате да учите, излегувајте надвор!”.

Средношколскиот пленум досега организираше два протести, а на скопскјите улици излегоа околу 4.000 средношколци. Протести беа организирани и во другите градови низ земјава.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.