Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

СТРАНЦИ НА ИНСТАГРАМ: „Се заглавивме во невремето во Скопје!“

Актуелно

СТРАНЦИ НА ИНСТАГРАМ: „Се заглавивме во невремето во Скопје!“

Во големото невреме кое вчера попладне го зафати Скопје беа заглавени и туристи од Русија кои возеле низ една од критичните точки во главниот град, кога нивниот автомобил едноставно потонал во надојдената вода.

Тие, заедно со објавената фотографија напишаа:

„Се заглавивме поради големо невреме. Добре дојдовте во Скопје!“.

На социјалните мрежи голем број на граѓани побараа помош поради големото невреме. На фејсбук и твитер се активираше ознаката со хаш-таг #поплава каде можете да ги погледнете на кои граѓани им е потребна помош.

Последните информации велат дека досега не се пријавени повредени граѓани од невремето, додека градските власти сѐ уште се на терен.

Голем број граѓани останаа заглавени во нивните возила, а тие пак кои живеат во куќи велат дека водата ги поплавила нивните подруми.

Поплавена е и скопската обиколница каде повеќе од час и половина беа заглавени преку 30 возила.

– „Владата заедно со поголем број на институции, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за одбрана, АРМ, екипи и од Црвениот крст се излезени на терен. Сите служби се обидуваат на граѓаните да им дадат максимална поддршка и помош кои се погодени од невремето“, изјавви за ТВ НОВА, министерот министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој го посети кризниот штаб кој градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го формираше по невремето и поплавите во Скопје.

skopje-grom-nevremeee

Во текот на ноќта, од УХМР најавуваат дека ќе се задржи нестабилно со локален пороен дожд со променлив интензитет, грмежи и засилен ветер. Процесите во западните делови ќе бидат поинтензитет.

Во Скопската котлина во моментов сеуште е нестабилно со пороен дожд кој на моменти е интензивен,  проследен со електрични празнења и ветер. И во текот на ноќта ќе се задржи нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

За утре се очекува променливо облачно посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови каде се очекува процесите да бидат поинтензивни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 7. Утринската температура ќе биде од 14 до 22, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи од  25 до 32 степена.

Во Скопје променливо облачно посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурите ќе се движат од 20 / 29 степени.

До понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен доќд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови. Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а извесно стабилизирање на времето се очекува  од среда.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.