Актуелно
Странски државјанин повреден во сообраќајка кај Агино село
На патниот правец Куманово Скопје кај Агино Село утринава се преврте камион со бугарски регистерски таблички, управуван од грчки државјанин, соопшти кумановската полиција.
Според информациите од хируршкото одделение од Општа болница Куманово, странскиот државјанин се здобил со лесни телесни повреди.
Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Куманово – Скопје е во прекин за тешки товарни возила и автобуси.
Во тек е увид на местото на несреќата.