Вести
Студено утро со негативни температури, снег во Маврово и Крушево
Во Лазарополе утрово е измерена најниска температура од минус 7 степени. Во Крушево и Маврово се измерени -5, во Берово -4, во Пожаране, Ѓуриште, Претор и Охрид -2, во Петровец и Битола -1, во Струмица, Тетово, Крива Паланка и Виница по 0, а Куманово и Штип 1, во Скопје и Демир Капија 2, во Дојран 4 и во Гевгелија 5 степени.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Маврово, каде се измерени два, а во Крушево и Охрид по еден литри на метар квадратен.
Во Крушево и Маврово изтринава во 8 часот е измерена снежна покривка од 1 и 3 сантиметри.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и источните делови. Во претпладневните часови во североисточните делови ќе има локален слаб снег. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од 6 до 13 степени. Во Скопје слично време со засилен северозападен ветер и дневна температура до 10 степени.
Викендов утринските температурите на повеќе места ќе бидат околу или под нулата, додека дневната температура од сабота ќе биде во пораст.