Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Студентите ќе го поддржат маршот на средношколците

Актуелно

Студентите ќе го поддржат маршот на средношколците

Студентскиот пленум на УКИМ денес одржа прес-конференција на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Најавен беше студентски марш, кој ќе се одржи во склоп на средношколскиот марш најавен за четврток (23.04) во Скопје.

„Студентскиот пленум добро го позна игнорантниот однос на надлежните кои секојпат настојуваат да бидат единствениот фактор кој ќе ги креира политиките правејќи се глуви на аргументите кои ги нудат другите општествени чинители. Одовде и’ порачуваме на владата конечно да ја напушти позицијата на сила како аргумент во дебатите и во креирањето на политики во образованието, но и надвор од него“, изјави Христијан Поп-Симонов од Студентскиот пленум.

Студентскиот пленум ја спореди сегашната ситуација на средношколците и односот кој го добиваат од власта со својата ситуација за време на студентската окупација на факултетите.

„Токму затоа, студентскиот пленум ја изразува својата поддршка за средношколците, онака како што тие не’ поддржаа нас. Ве потсетуваме господине министре дека се соочувате со најсплотените генерации, кои не само што ги знаат своите права, туку ќе го урнат ѕидот на наметнати политики“, додаде Христијан.

На крајот, студентите ги повикаа сите колеги да им се придружат на студентскиот марш во четврток во 12 часот пред платото на УКИМ, од кадешто се упатуваат кон Владата на РМ, каде ќе им се приклучат на средношколците.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.