Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ИСИС ја презеде одговорноста за нападите во Париз

Актуелно

ИСИС ја презеде одговорноста за нападите во Париз

Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за терористичките напади во Париз, во кои загинаа најмалку 128 лица, а околу 250 се повредени.

Во официјалното соопштение на исламистичката група се наведува дека борците од ИД, со појаси со експлозив и вооружени со автоматско оружје, ги извеле нападите на неколку локации во центарот на Париз. Нападите биле внимателно планирани.

Цел на нападите, според ИД, била на Франција да и се покаже дека ќе остане главна цел се додека продолжува со својата политика.

Во меѓувреме, медиумското крило на ИД, Медија центар Ал Хајат, објави видео со закани за Франција, доколку таа земја продолжи да ги бомбардира нејзините припадници.

– Се додека продолжите да не бомбардирате, нема мирно да живеете. Ќе се плашите и до пазар да одите, изјави еден од екстремистите на арапски јазик, опкружен од други припадници на ИД.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.