Торнадо во Вашингтон – 30.000 граѓани останаа без струја
Скоро 30.000 жители на Вашингтон останаа без струја по силното невреме кои денеска го зафати Вашингтон.
Како што пренесуваат американските медиуми, невремето започнало во близина на Фолс Черч и Арлингтон, поминало низ центарот на Вашингтон и заврши во округот Принц Џорџ во Мериленд.
Американската национална метеоролошка служба соопшти дека поминал најлошиот дел од невремето, но ги предупреди граѓаните да бидат „крајно внимателни“ кога излегуваат од дома.
City of Falls Church pic.twitter.com/XNHGsjFRf0
— matthew vaughan (@mvaugh119) July 2, 2021