Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Светот се поклони пред Света Мајка Тереза (ФОТОГАЛЕРИЈА)

REUTERS

Актуелно

Светот се поклони пред Света Мајка Тереза (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонија која се одржа на плоштадот „Св. Петар“ ја прогласи Мајка Тереза за Светица.

На канонизацијата на Блажена Мајка Тереза присуствуваше македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов.

Во состав на македонската делегација, покрај претседателот Иванов, беа и премиерот Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, претставници на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и претставник на фамилијата на Мајка Тереза.

Swiss Guards stand in front of a tapestry depicting Mother Teresa of Calcutta before a mass, celebrated by Pope Francis, for her canonisation in Saint Peter's Square at the VaticanA general view of Saint Peter's Square as Pope Francis leads a mass for the canonisation of Mother Teresa of Calcutta at the VaticanPope Francis blesses with an incense burner as he leads a mass for the canonisation of Mother Teresa of Calcutta in Saint Peter's Square at the VaticanA nun, belonging to the global Missionaries of Charity, carries a relic of Mother Teresa of Calcutta before a mass celebrated by Pope Francis for her canonisation in Saint Peter's Square at the VaticanA tapestry depicting Mother Teresa of Calcutta is seen in the facade of Saint Peter's Basilica during a mass, celebrated by Pope Francis, for her canonisation in Saint Peter's Square at the Vatican
<
>
A nun, belonging to the global Missionaries of Charity, carries a relic of Mother Teresa of Calcutta before a mass celebrated by Pope Francis for her canonisation in Saint Peter's Square at the Vatican. REUTERS/Stefano Rellandini

Посебно место на свеченоста, јави известувачот на МИА, имаа Република Македонија, заедно со Република Албанија и Република Индија, како земји на нејзиното раѓање, потекло и мисија.

На канонизацијата на Мајка Тереза присустваа многубројни верници и високи гости од целиот свет. Најавено беше присуство на 13 шефови на држави или влади. Распределени беа 100.000 билети за следење на церемонијата на плоштадот „Свети Петар“.

Во градот има засилени безбедносни мерки, а небото над Ватикан денеска е зона забранета за летање.

Акредитирани беа 600 новинари од целиот свет, а настанот го следеа 125 телевизики куќи. Радио Ватикан пренесуваше во живо на шест јазици.

Во организација на Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје и Министерството за култура вечер во црквата „Свети Станислав“ во Рим свечено ќе се отвори изложбата на фотографии и текстови поврзани со животот и делото на Мајка Тереза „Madre Teresa – Santa di Skopje, Santa del mondo“, на која ќе присуствува и претседателот Иванов.

Утре на плоштадот Свети Петар ќе биде одржана утринска миса во чест на Мајка Тереза, што ќе ја води државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.

Инаку, Мајка Тереза беше добитник на Нобелова награда за мир, а нејзиниот чудотворен карактер беше признаен од Римокатоличката црква.

По каноните на Римокатоличката црква, светец, односно светица се станува откако ќе се утврди дека личноста направила најмалку две чуда. Церемонијата на нејзината беатификација за блажена, што беше чекор кон прогласување за светица, се одржа во 2003 година, шест години по нејзиното упокојување, откако Папата Јован Павле Втори го призна нејзиното прво чудо, излекување на Индијката Моника Бесра во 1998 година со наод тумор во стомакот. Пет години подоцна, Папата Францис го призна второто чудо на Мајка Тереза поврзано со нејзината моќ за исцелување, необјасниво лекување на маж од Бразил од неколку мозочни тумори во 2008 година, додека тој бил во кома.

Според Католичката црква нејзината светост е во тоа што во дело ги спроведувала зборовите божји и што се посвети на најзагрозените групи во општеството.

На церемонијата на беатификација на Мајка Тереза, одржана на плоштадот „Свети Петар“ во Рим, присуствуваа над 300 илјади верници. Со свечената служба раководеше тогашниот поглавар на Римокатоличката црква, Папата Јован Павле Втори, додека на церемонијата присуствуваше и многубројна македонска делегација, предводена од претседателот Борис Трајковски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.