Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Светска премиера на најновото дело од Дарија Андовска, заедно со најреномираните композитори од регионот

Вести

Светска премиера на најновото дело од Дарија Андовска, заедно со најреномираните композитори од регионот

Вечерва, 4.9.2024, е светската премиера на најновата композиција од Дарија Андовска во Сараево, Босна и Херцеговина, во изведба на No Borders Orchestra, под диригентската палка на маестро Премил Петровиќ.

Kомпозицијата “Зајди, зајди” од Дарија Андовска за глас и пијано, напишана по нарачка Ема Николовска – мецосопран, во чија изведба заедно со Howard Watkins/Charles-Richard Hamelin на пијано на 10.3.2024 ја имаше својата светска премиера во Berkeley California, CalArts, по која следуваа нејзини изведби во Vancouver Recital Society, Montréal – Salle Bourgie, Toronto – Koerner Hall, NYC Carnegie Hall, Weill Hall, Ottawa Chamberfest, London, Ontario – University of Western Ontario.

По бројните изведби на оваа и други композиции од Дарија Андовска во Холандија, Германија, Италија, вечерва таа има уште една светска премиера.

Станува збор за нејзината најнова композиција „Apoptotic Bodies” за гудачки оркестар и фиксен медиум, напишана по нарачка на No Borders Orchestra за нивниот Turning Point Tour.

На оваа турнеја, покрај историските ремек-дела на A. Schoenberg, G. Mahler и R. Strauss, ќе се изведат 4 нови композиции, нарачани од страна на No Borders Orchestra од едни од најреномираните и истакнати композитори од регионот: Нина Перовиќ (Црна Гора), Давор Бранимир Винче (Хрватска), Марко Никодијевиќ (Србија) и Дарија Андовска (Македонија).

Светската премиера на новите 4 композиции е на 4.9.2024 во Сараево, каде започнува балканскиот дел на турнејата, кој веќе на 6.9.2024 продолжува во Нови Сад.

Се очекува оваа програма да се сними и издаде на носач на звук од Deutsche Gramophon.

Веќе на 12.9.2024, во MC Gallery во Њујорк, Иван Наумовски – баритон и Ана Гацева – пијано, во рамките на својот рецитал, ќе изведат 4 композиции од циклусот “Песни од татковината“ на Андовска.

Дарија Андовска е една од најплодните, најреномираните и најизведуваните македонски композитори на светските подиуми, таа редовен професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ, каде моментално ја извршува функцијата декан.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.