Вести
ТАЖНА ВЕСТ: Две момчиња загинаа во сообраќајка со моторцикл во струмичко
Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која најверојатно се случила ноќеска на регионалниот пат Банско-село Габрово, струмичко, информираат од МВР.
Според информацијата во несреќата животот го загубиле 26-годишниот Н.С (1991) од село Моноспитово и 15-годишниот Ф.Л. (2002) од село Бориево.
Од МВР соопштуваат дека денеска во 13:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на овој пат бил пронајден моторцикл излетан од коловозот со две непознати лица кои биле починати.
Увидот се уште трае.