Актуелно
ТЕЛМА: Повредени 12 полицајци во Куманово
Насловна фотографија: Замрзнат кадар (ТВ ФЕСТА)
Во престрелката меѓу полицијата и сè уште неидентификувана вооружена група утрово во Kуманово повредени се 12 полицајци, а меѓу нив неколку со тешки повреди.
Според неофицијални информации утрината биле донесени тројца полицајци со прострелни рани од огнено оружје и се испратени во Клиничкиот центар во Скопје. Пред малку е донесен уште еден полицаец, повреден со шрапнел. И тој најверојатно ќе биде пренесен во Скопје.
Сите влезови на Клиничкиот центар во Скопје, пак, се под силно полициско обезбедување на специјалните сили , јавува „Телма“.
Блокиран е главниот влез во болницата, каде што се очекува да бидат донесени петмината ранети во акцијата што утринава околу 4 часот почна да ја спроведува полицијата во потрага по неидентификувана вооружена група која се сомничи дека стои зад нападите на караулата во Гошинце.
-Во раните утрински часови околу 5 часот беа донесени тројца полицајци од специјална единица повредени со прострелни рани во рамо, нога и во долниот предел на колкот. Сите се пренесени во Скопје, истакна Спасовска за Телма.
Погледнете го видеото кое го објави ТВ ФЕСТА: