Актуелно
Тензично на јужната граница: Периодично се пропуштаат групи ранливи категории мигранти
Насловната фотографија е преземена од Ројтерс
Припадниците на АРМ кои се распоредени на јужната гранична линија со Грција почнаа периодично групно да пропуштаат ранливи категории мигранти на влез во земјата.
Првата група од околу 200 мигранти составена претежно од жени, мали деца и постари лица, беше пропуштена околу 15 часот и 30 минути и во придружба на полицијата и полициски сили беше пропратена до железничката станица во Гевгелија од каде со вонреден воз во 16 часот тргна кон Табановце.
Претставниците на АРМ им рекоа на бегалците дека вакво периодично пропуштање за влез во Македонија ќе има и понатаму, но тоа ќе се случува по нивна одлука. Влез во земјата на следната група мигранти претставниците на АРМ ја најавија за некаде после 19 часот.
Инаку, мигрантите ја прифатија ваквата одлука која внесе мир во нивните редови.