Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ТЕРОР ВО ИСТАНБУЛ: Најмалку 28 лица загинати, над 60 повредени во експлозија на аеродромот „Ататурк“

Актуелно

ТЕРОР ВО ИСТАНБУЛ: Најмалку 28 лица загинати, над 60 повредени во експлозија на аеродромот „Ататурк“

Најмалку 28 лица загинаа, а околу 60 други се ранети вечерва при самоубиствни бомбшки напади на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, јави Би-Би-Си повикувајќи се на изјава на гувенерот на Истанбулн Васип Шахин.

Турските медиуми јавија дека нападите ги извршиле двајца бомбаши самоубијци кои пред локацијата за безбедносна проверка на влезот на меѓународниот терминал на аеродромот ги активирале експлозивите што ги носеле на себе.

Меѓутоа, според Шахин, во нападите учествувале тројца терористи.

160628172546-10-istanbul-ataturk-airport-explosion-exlarge-169160628163318-03-istanbul-ataturk-airport-explosion-exlarge-169160628173420-11-istanbul-ataturk-airport-explosion-restricted-exlarge-169160628163623-05-istanbul-ataturk-airport-explosion-exlarge-169160628170459-06-istanbul-ataturk-airport-explosion-exlarge-169160628170758-08-istanbul-ataturk-airport-explosion-restricted-exlarge-169160628172502-09-istanbul-ataturk-airport-explosion-exlarge-169160628163525-04-istanbul-ataturk-airport-explosion-exlarge-169160628163102-02-istanbul-ataturk-airport-explosion-exlarge-169eden-1[1]
<
>

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека според сознанијата со кои располага, еден од напаѓачите прво почнал да пука од автоматска пушка, по што се саморазнел.

slika-6[1]

Вториот напаѓач пак бил совладан од припадниците на службата за обезбедување, но откако го легнале на земја и тој се саморазнел.

Според медиумските извештаи, полицајците задолежни за обезбедување на аеродромот стрелале кон напаѓачите и „ги неутрализирале“.

Агенцијата Анадолија јави дека најмалку шестмина од повредни лица при нападите, кои се пренесени в болница, се наоѓаат во критична состојба.

Според непотврдени информации, истрели се слушнале и од паркингот на „Ататурк“, кој е најголем аеродром во Турција и трет најпрометен во Европа по лондонскиот „Хитроу“ и парискиот „Шарл де Гол“.

Електронското издание на весникот „Хуриет“ објави дека турскиот премиер Бинали Јилдирим наредил формирање кризен штаб во врска со нападите на истанбулскиот аеродром.

ТАСС претходно, повикувајќи се на изјави на очевидци, јави дека по експлозиите и истрелите што се слушнале на аеродормот, четири вооружени лица побегнале од аеродромската зграда, но оваа информација не е официјално потврдена.

Поради нападите „Ататурк“ и реонот околу него беа целосно парализирани, сите полети беа откажени, а авионите кои требаа да слетаат беа пренасочени кон други аеродроми. Патниците кои се ноѓаа на аеродромот во време на нападите се евакуирани од аеродромската зграда и се сместени во околните хотели.    

Досега никој не презеде одговорност за нападите. Изминативе месеци во Турција беа извршени неколку терористички напади за кои одговорност презедоа џихадистичката група Исламска држава (ИД) или бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК).

slika-1[1]

По нападите турските власти воведоа времена забрана за медиумски извештаи за случувањата на аеродромот.

Според соопштението на Високиот совет за радио и телевизија на Турција,  забраната се однесува на пренесување на снимки од местото на нападите, на активностите на полицијата и лекарските тимови и на телата на жртвите, како и на пренесување неофицијални информации и изјави.

Европските лидери, кои се наоѓаат во Брисел на вонредниот Самит на ЕУ, ги осудија нападите на истанбулскиот аеродром.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.