Актуелно
Тешка сообраќајка во Охрид: Младоженец и невеста удриле во железен столб
Триесет и четири годишната В.А.Ц. е полесно повредена во сообраќајна несреќа која синоќа околу 22 часот се случила на патот Свети Наум-Охрид.
Несреќата се случила кога возачот на автомобилот Мазда, 26-годишниот Ј.Ц. изгубил контрола, излетал од патот се превртел и удрил во железен електричен столб.
Повредената жена, за којa дел од медиумите вчера објавија дека е бремена, е пренесена во медицинскиот центар во Охрид и задржана на понатамошно лекување.
Мажот и жената вчера вечерта се враќале од нивната свадбена прослава.