Актуелно
Тешко повредени параглајдеристи во Крушево и Скопје
Двајца параглајдеристи од Финска и Германија во текот на вчерашниот ден се здобиле со тешки телесни повреди при летање со параглајдер, едниот во близина на Крушево, а другиот во близина на Скопје, по што се згрижени во Клиничкиот центар во Скопје.
Како што соопшти МВР, во првиот случај пријавен околу 14:30 часот, во буковата шума на местото Лимо Нивје во близина на Мечкин Камен од страна на лицето А.С. од Финска кој е инструктор за летање ,бил пронајдено лицето Н.Т.К. исто така од Финска кој околу 10 часот полетал со параглајдер од полетиштето на местото Мечкин Камен, а било забележено дека го нема околу 11 часот. При падот лицето се здобило со повреди на рбетниот столб и со хеликоптер на МВР е префрлено во Клинички центар-Скопје. Од страна на полициски службеник обезбедено е место на несреќата, известен е надлежен јавен обвинител по што е извршен увид на лице место од страна на јавен обвинител и увидна екипа од НК за КР-Крушево.
Во вториот случај, како што стои во соопштението, околу 11:50 часот во с.Г.Нерези-Скопје, спортувајќи со параглајдер од падините на Водно, поточно од кај Крстот, на местото “Пресинец“ на 8-10 метри во воздух, Ф.Ш. државјанин на Германија, изгубил контрола и почнал брзо да паѓа. Ф.Ш. бил пренесен во Ургентен центар за укажување на лекарска помош, каде од страна на доктор му е констатирана тешка телесна повреда во пределот на рбетот и е задржан на лекување во КАРИЛ.