Вести
Тинејџер доби кривична пријава поради тоа што претепал свој врсник во гимназијата „Корчагин“
Шеснаесетгодишно момче од Скопје доби кривична пријава поради сомнение дека на 24 март околу 13.30 часот во училишниот двор на гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје физички нападнал друг 16-годишник од Скопје.
Тинејџерот го удирал својот врсник со нозе и со тупанци по главата и телото, кој од нападот се здобил со тешки телесни повреди.