Вести
Топлотен бран од жолта фаза за викендот
За време на викендот Македонија ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.
За таа цел, Министерството за здравство апелира до граѓаните за посебно внимавање за своето здравје, особено поради температурните осцилации во изминатиот период.
Од Министерството за здравство особено порачуваат дека е потребно да се избегнува директна сончева изложеност, како и почитување на општите мерки за заштита на здравјето.
Утре температурата ќе се движи од 28 до 35 степени, а во недела од 30 до 37 степени.
Во понеделник температурата достигне до 36, вторник 34. Од четврток ќе има пад на темпратурата и максиматалната ќе достигне до 29, а во петок до 25 степени.