Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Топлото време продолжува, граѓаните да ги почитуваат препораките

Вести

Топлото време продолжува, граѓаните да ги почитуваат препораките

Институтот за Јавно Здравје на Македонија апелира до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури поради тоа што земјава е зафатена од жолтата фаза.

Се препорачува до граѓаните заштита од директно изложување на сонце, избегнувајќи излегување надвор од 11 до 17 часот, да се носи лесна облека, заштитни очила и капа, да се конзумира лесна храна и пијалоци, особено треба да обрне внимание на припремата и конзумирањето на храната, како и да се избегнуваат термички примпремени производи, како на пример мајонез од домашните  јајца и внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови, да се внесува поголема количина течности, најдобро обична вода, а да се избегнуваат алохолните пијалоци.

До граѓаните се препорачува за време на овие многу топли денови да се остане во затворени простории главно климатизсирани, а кога е потребно да бидат надвор за овој временски период, да најдат можност за почести одмори под сенка.

Најзасегнати пациенти од покачувањето на температурите се  болните со хипертензија, срцеви болести, бронхијална астма, хроничен бронхитис, опструктивна хронична пнеумопатија, дијабетес, тиреотоксикоза, инсуфициенција на бубрезите, ментални и нервни болести како паркинсонова, алцхајмерова болест, шизофренија, деменција итн.

Можни се гастро-интестиналните инфекции и интоксикациите со храна. Инфекциите од храната, се предизвикуваат од салмонела, шигела итн, како на ниската лична хигиена, од јадење на неприпремен зеленчук, неприпремена или неправилно конзервирана храна како: месото, јајцата, саламите, морските плодови, млекото, салатите итн.

Интоксикациите поради храната доаѓаат од прехранбените производи со токсична содржина на стафилококус, паразити итн. Интоксикациите се случуваат од употребата на храна со поминат рок, храна што е неправилно приготвена, или неправилно стоплена итн.

Топлото време го зголеми и бројот на здравствените прегледи во Здравствените установи во земјава.

Времето во Македонија и денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. УВ-индексот ќе има вредност 9. Жолта фаза ќе биде во скоро сите региони, освен велешкиот, прилепскиот и битолскиот. Температурата ќе достигне до 38 степени.

Попладне во западните делови ќе има нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

 Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 19 до 36 степени.

Периодот на многу топло време, со мaксимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени ќе продолжи до крајот на месецот. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи, потоа времето ќе е сончево и понатаму многу топло.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.