Вести
Топол бран до крајот на месецот, со локална нестабилност и врнежи
Периодот на многу топло време со натпросечни максимални температури на воздухот, кои насекаде ќе надминуваат 30, а вдолж Повардарието и 35 степени ќе продолжи до крајот на месецот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.
До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на нестабилност на места со пороен дожд и грмежи, а не е исклучено овие процеси локално да бидат и поинтензивни, особено во текот на утрешниот ден. Во Скопската котлина можен е локален пороен дожд со грмежи.
Од среда времето ќе биде сончево и понатаму многу топло со пораст на дневната температура на воздухот, која се очекува да достигне и до 40 степени во јужниот дел на Повардарието.