Актуелно
Традиционална крводарителска акција за празникот Голема Богородица
Општинската организација на Црвен крст – Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и оваа година по 14-ти пат ја реализира традиционалната крводарителска акција по повод празникот Голема Богородица.
Акцијата се одржува денес, од 9 до 17 часот во Домот на АРМ.
Инаку оваа крводарителска акција има долга традиција со голем одзив од страна на граѓаните на Скопје.
Валентина Колеска, секретар на општинска организација на Црвен крст – Центар потенцира дека веќе 14 години, околу 150 крводарители постојано се приклучуваат на акцијата. Има се повеќе млади луѓе, првократни дарители.
Лани на акцијата биле собрани 242 крвни единици, а од Црвен крст – Центар се надеваат дека таа бројка годинава ќе се зголеми.
Колеска изразува надеж дека скопјани и сите посетители на главниот град ќе даруваат крв.