Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Традиционална прослава на Бадник пред Соборниот храм (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вести

Традиционална прослава на Бадник пред Соборниот храм (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ денеска се одржа традиционалниот народен собир по повод големиот христијански празник Бадник.

Кум на годинешното одбележување на Бадник во Скопје е Радко Манов, Извршниот директор на претпријатието „ГАМА“, додека здравичар е Љубиша Николиќ, фудбалер, тон-мајстор во пензија, водител и режисер кој целиот работен век го поминал во Македонското радио.

На традиционалното делење на бадниковите гранчиња на платото пред Соборниот храм денеска присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој му го предаде бадникарскиот ќуп на новиот кум.

Badnik 2017 (1)Badnik 2017 (2)Badnik 2017 (3)Badnik 2017 (4)
<
>

– Би сакал да го честитам Бадник на сите православни христијани, им посакувам оваа година да имаат многу здравје, бериќет, успех на секое поле и овие празнични денови да ги поминат во духовен мир заедно со своите најблиски. Исто така, сакам на сите граѓани на Скопје без разлика на нивната вероисповед, да им посакам здравје, среќа, мир и меѓусебно разбирање и почитување во новата 2017 година – рече градоначалникот Трајановски, пред присутните.

Со пригодна беседа пред скопјани денеска се обрати и Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан кој ја благослови погачата што беше поделена меѓу верниците.

Традиционалното одбележување на Бадник пред Соборниот храм годинава се одржа по 25.пат.

По завршувањето на средбата делегација на Одборот за прослава заминаа за Злокуќани во домот за стари лица, каде на лицата кои престојуваат во него им доделија пригодни подароци за Бадник.

Народниот собир е во организација на Граѓанското здружение „Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје“, а е поддржан од Градот Скопје.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.