Актуелно
Трагедија во Хиподром: Mајка го фрлила синот од тераса, по што и самата скокнала
Жена од скопската населба Хиподром изутрината го фрлила својот шестгодишен син од четвртиот кат од зградата во која живеат во скопски Хиподром, по што и самата скокнала.
И двајцата се во животна опасност и се хоспитализирани во Ургентниот центар во Скопје.
Случајот во полиција бил пријавен во 9 часот и 5 минути. Полицијата добила пријава дека мајката се заканува дека ќе го фрли својот син од станот во зградата во која живеела.
Од МВР за МИА информираа дека во 9 часот и 30 минути таа го фрлила детето, кое, како што посочија, имало ублажен пад со помош на полициски службеници и пожарникари. Во 10 часот и 20 минути и таа се фрлила.
Повеќе детали за случајот и мотивите МВР најави за подоцна во текот на денот.