Вести
ТРЕТ НАЈЗАГАДЕН ГРАД ВО СВЕТОТ: Скопје се гушеше во ПМ10 честици за празниците
Скопје и за време на божикните празници при намален интензитет на возила повторно се гушеше во штетните ПМ 10 честички.
На мерните станици во Лисиче и Ректорат два дена по ред беа регистрирани речиси 500 микрограми од канцерогените честички на метар кубен, што е двојно повеќе од дозволеното, поради што Владата ги активираше итните мерки за намалување на загаденоста.
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ги повика граѓаните што помасовно да го користат бесплатниот превоз, која е една од мерките против загадувањето.
Шилегов најави дека и тој во наредните денови на работа ќе доаѓа пеш, со автобус или со електричното возило на Град Скопје, а службените возила ќе ги стави во функција на инспекциските служби кои се борат против загадувањето.
Со владините мерки кои се веќе на сила се наложува бремените жени, лицата постари од 60 години, како и хроничните болни да се ослободат од работа. За работниците чија работа е на отворено пак работното време да трае од 11 со 17 часот. Се откажуваат и сите културни и спортски манифестации на отворено, а се ограничува и времето за дотур на роба.