Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Три лица одговорни за случајот во „Арсени Јовков“, потврди МВР

Актуелно

Три лица одговорни за случајот во „Арсени Јовков“, потврди МВР

Кај три лица на возраст од 16 до 20 години е утврдена одговорност за случајот во средното училиште „Арсени Јовков“. Се товарат за предизвикување општа опасност и по целосното заокружување на истрагата, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Како што соопшти денеска портпаролот на МВР Иво Котевски, две од лицата се ученици во „Арсени Јовков“, а едно минатата година завршило во ова училиште.

– Се уште се работи на целосно документиранње на случајот. Според досегашните сознанија, трите лица дошле до т.н. пепер спреј со кој најпрво се прскале меѓу себе, а потоа го употребувале и во ходниците и простсориите на училиштето, рече Котевски.

МВР, додаде, останува на располагање за какви било сугестии или препораки во насока на зголемување на безбедноста на учениците.

– Сме реализирале досега бројни проекти за превенција, а подготвени сме и во иднина да делуваме превентивно, да ги анализираме состојбите и да излегуваме со наши предлози или активности за поголема безбедност на учениците, истакна Котевски, додавајќи дека во конкретниот случај со „Арсени Јовков“ станува збор за инцидент кој не е предизвикан од некаков посериозен, подлабок проблем.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.