Актуелно
Тридневна жалост во Непал: И градот Скопје испраќа помош од еден милион денари
Владата на Непал прогласи тридневна жалост по големиот земјотрес во кој загинаа над 4.300, а над 8.000 се повредени.
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на наредната седница ќе му предложи на Советот на Град Скопје да усвои одлука за испраќање парична помош во вредност од еден милион денари, по катастрофалниот земјотрес што го погоди Непал во саботата.
Градоначалникот Трајановски испрати телеграма со сочувство за загинатите во земјотресот.