Вести
Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево
Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината околу 07:30 часот на патот Демир Хисар – Кичево.
Покрај учениците кои се здобиле со телесни повреди, како што информираа од МВР за МИА, тешко е повреден и возачот на автобусот З.С. (49) од селото Единаковци, Демир Хисар.
Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Битола каде им е укажана лекарска помош.
Според полицијата, до несреќата дошло при судир на автобусот и комбе со битолски таблички, управувано од С.С. (56) од Крушево.
Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот.