Актуелно
Тројца српски државјани загинаа во сообраќајна несреќа кај Гевгелија
Тројца српски државјани загинаа утрово во сообраќајна несреќа кај Гевгелија на пат кон Грција. Најверојатно се работи за мајка и нејзините две деца.
– Утрово околу 7 часот на автопатот Демир Капија – Гевгелија случена е сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „рено-меган“ со српски национални ознаки откако претходно удрило во заден дел од возило „фијат добло“ со гевгелиски регистерски ознаки излетало од патот и удрило во метален столб. На лице место починала Татјана П. (45), потврди МВР.
Децата, момче на возраст од 18 години (Н.П.) и девојче на возраст од 10 години, биле пренесени во медициснкиот центар во Гевгелија каде им подлегнале на повредите. Возачот на автомобилот Р.П (1961) е повреден и е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Според полицијата, нема повредени патници во другото возило.
На местото на настанот излегол јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија. Ивршен е увид и се работи на целосно расчистување на несреќата.